Насловна / Арт и дизајн / Валентиново срце инспирирано од емиграцијата поставено на Тајмс Сквер

Валентиново срце инспирирано од емиграцијата поставено на Тајмс Сквер

Tajms Skver imigrantsko srce

Победничкиот дизајн за 2017-та за срцето на Тајмс Сквер во чест на Свети Валентин под наслов „И ние некогаш бевме странци“ (We were Strangers Once Too) веќе е изведен и поставен на њујоршкиот плоштад.

Tajms skver imigrantsko srce2

Со цел да ја слави емигрантската култура на САД, скулптурата – срце се состои од 33 метални шипки потпишани со податоци за потеклото на граѓаните на Њујорк кои се родени надвор од САД.

Tajms skver srce imigrantsko Valentajn

Името „И ние некогаш бевме странци“ е инспирирано од говорот на поранешниот претседател Обама во 2014-та на тема емиграција, и ја подвлекува улогата на емигрантите во развојот на културата и уметноста во земјата.

Tajms skver imigrantsko srce3

Во исто време им се дава и поддршка на емигрантите во едно време кога се под еден вид „опсада“ од страна на официјаната политика во САД. Автор на ова дело е Канцеларијата за крестивно истражување (Office for Creative Research).

Tajms skver imigrantsko srce1

 

 

 

 

Извор: Arch Daily

Испрати коментар

Scroll To Top