Резултати од електронско гласање за Претседател на Управен одбор на ААМ – Асоцијација на Архитекти на Македонија спроведено на 08.07.2024 година преку платформата electionrunner.com.
Од запишаните 104 членови на ААМ со право на глас, гласале 61 член односно 59 отсто. Мнозинството гласови 46 ги доби кандидатот Валентино Константиновски, со што станува следниот Претседател на Управен одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.