Насловна / Вести / Валенсија – „Зелена престолнина на Европа“ за 2024 година

Валенсија – „Зелена престолнина на Европа“ за 2024 година

За годината која тукушто започна, шпанскиот град Валенсија е прогласен за „Зелена престолнина на Европа“. Градот подготвил повеќе од 400 активности и настани, за разни категории на граѓани. Сите активности се главно фокусирани на три главни проблеми кога е во прашање природата – загадувањето, биодиверзитетот и климатските промени.

valencia1

Слоганот „Заедно во мисија“, ја одразува соработката на градската управа и граѓаните на Валенсија во постигнувањето на целите ан климатската неутралност и одржливиот развој. Градоначалничката на Валенсија, ќе ја превземе „Зелената книга“ од својот колега од Талин, градот кој беше минатодгодишен добитник на наградата. Валенсија е трет по големина град во Шпанија, а културната и историската важност се немерливи. Градот кој лежи на источниот брег на Шпанија. брои околу 800.000 жители и познат е по фестивалите, архитектурата и парковите.

valencia2

Оваа титула се доделува од 2010 година од страна на Европската комисија, за градови со над 100.000 жители, додека од 2015 година е воведена и наградата „Зелен лист“ за градови со популација од 20.000 до 100.000.

valencia3

 

Испрати коментар

Scroll To Top