Насловна / Вести / Валенсија, Елсинор и Велење се добитници на European Green City Awards за 2024 година

Валенсија, Елсинор и Велење се добитници на European Green City Awards за 2024 година

Минатата седмица, на церемонија во Гренобл, Франција, беа прогласени победниците на European Green Capital and Leaf 2024 Awards. Шпанскиот град Валенсија е  прогласен за European Green Capital за 2024 година, а епитетот European Green Leaf за 2024 година, заеднички го делат Елсинор од Данска и Велење од Словенија.

valencia1

valencia2

Валенсија за заслужи титулата со минатите и актуелни постигнувања на полето на одржливиот туризам, климатската неутралност, како и праведната и инклузивна зелена транзиција. 97% од градската популација живее на оддалеченост до максимум 300 метри од зелените урбани области. Градот исто така има докажана посветеност во подобрувањето на квалитетот на воздухот и зачувување на екосистемите. Валенсија исто така стимулира поздраво, одржливо и инклузивно производство на храна преку т.н Neighbourhood and Food Programme”.

valencia3

valencia4

Данскиот град Елсинор го ублажува влијанието од тековната енергетска криза со поинтензивна енергетска реконструкција на објектите и премин на други извори на загревање. Реконструиран е системот за канализација со цел издвојување на дождовницата од отпадните води. Нивното мото е sharing is caring, а граѓаните и локалните бизниси се активно вклучени во постигнувањето на зелената транзиција.

valencia5

valencia6

Словенечкиот град Велење има одлични резултати во проектите и активностите поврзани со напуштањето на јагленот (Во Велење има рудник за јаглен со јамска експлоатација), преку отворање на нови можности за вработување во секторот на зелени работни места. Нивното мото е from black to green & bright. Исто така, Велење е еден од првите градови во Словенија кој има воспоставен систем за одвојување на отпадот и интензивно работи на подобрување на управувањето со отпадот.

Наградите имаат и паричен дел. Валенсија добива 600.000 евра за поддршка во имплементирањето на мерките за подобрување на одржливоста, додека Елсинор и Велење добиваат по 200.000 евра.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top