Утре жителите на Валандово на референдум ќе се изјаснат дали ќе дозволат да се изгради рудникот Казандол и за можното отворање на нови рудници на нивната територија.
Валандовчани ќе гласаат дали се за или против отворање рудници во нивната општина и дали се за или против продолжување со работа на комплексот Казандол, каде ќе се врши ископ на руда и производство на катоден бакар.
По неколку месечни опструкции и закани од локалните моќници, граѓанските аквитивисти беа приморани да собираат потписи за рефрендумско изјаснување.
Тие предупредуваат дека и сега имаат притисоци за да не се излезе вo недела на референдум, и да биде тој неуспешен.
Валандовце се плашат за своето земјоделско прозиводство, за смоквите, калинките, јапонските јаболка, грозјето, и затоа се против изградба на рудници.
Граѓаните на Богданци, Дојран и Гевгелија веќе се изјаснија против изградба на новите рудници во овој земјоделски крај.