Насловна / Вести / Валандово одлучи: На 20 август референдум за Казандол

Валандово одлучи: На 20 август референдум за Казандол

Spas za Valandovo1

Откако градоначалникот на Валандово не даде зелено светло на одлуката за распишување рефендум, мнозинството советници од Советот на општина Валандово одлучија дека ќе има на 20 август, на кој граѓаните ќе се изјаснат во врска со продолжување на работата на рудникот Казандол, но и во врска со отварање нови рудници .

Градоначалникот нема право да стави вето и ќе мора да ја објави донесената одлука за референдум во Валандово на 20 август.

Spas za Valandovo

Граѓанската инцијатива „Спас за Валандово“ мораше да собира потписи за да општинските власти распишат референдум .Во канцеларијата на ДИК собраа 2.213 потписи, што се повеќе од 20 отсто од граѓаните со право на глас, односно задоволен е условот за распишување на референдум за рудници во нивната општина.

Валандово е четвртата општина каде ќе се одржи референдум на оваа тема.Претходно жителите на Гевгелија и Богданци се изјаснија дека се против тешка и загадувачка индустрија во нивните општини, а на 23 јули ќе се изјаснува и Дојран.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top