Насловна / Архитектура / Вакви надградби сакаме: Црвена купола трансформираше миланска зграда

Вакви надградби сакаме: Црвена купола трансформираше миланска зграда

Успешните надградби се ретки исто како и скапоцените камења. Затоа овој пример во Италија, изведен за време на Неделата на дизајн во Милано, е особено интересен бидејќи на вистински начин ги споил старото и новото.

6 (1)

Инсталацијата претставува црвена купола, нова знаменитост на небото на Милано, која му оддава почит на брендот за накит Buccellati. Специфично за локацијата на седиштето на брендот, се издвојува на панорамата на терасата на кулата проектирана од архитектот Пјеро Порталупи.

1 (1)

ИСТАКНУВАЊЕ НА УБАВИНАТА НА СРЕБРОТО И СТАКЛОТО

Инсталацијата „Buccellati Rosso Maraviglia“, осмислена од мултидисциплинарното студио AMDL CIRCLE и архитектот Микеле Де Луки, ја трансформира терасата на Portaluppi во Via Brisa во модерен Пантеон кој ја затвара внатрешноста со својот црвен омотач.

2 (1)

Куполата во интензивна боја, неочекувана за овој италијански град, ги привлекува погледите нагоре и има за цел да го заинтересира минувачот.

5 (1)

Кровот е инспириран од внатрешноста на куполата на Пантеон, со пирамидални плочи, распоредени во три реда кои прогресивно се стеснуваат нагоре, создавајќи длабочина и светлосни вибрации кои постојано се менуваат во зависност од аголот на гледање.

8 (1)

Куполната конструкција е облечена во три слоја црвена мрежеста ткаенина. Ритамот на испреплетени нишки и дава форма на филигранската архитектура, сошиен и поврзан со текстилно ткаење како изложените скапоцености.

Како фацетиран скапоцен камен, оваа купола ја крунисува историската миланска зграда, создавајќи необично сценарио.

7 (1)

„За Maison Buccellati е клучно да ја зајакне својата врска со градот, а со тоа и со неговите згради. Сакавме да ја искористиме оваа прилика, периодот во годината кога Милано станува поубав, историската и пионерска Portaluppi тераса да стане репрезентативен симбол на иднината нераскинливо поврзана со минатото“, изјави Џанлука Брозети, извршен директор на Buccellati.

13

11 12 10

Испрати коментар

Scroll To Top