Во Палилула, во Белград, на 20 април ќе се отвори нов трговски центар за шопинг, и овој проект на израелската фирма Big Shopping Centers претставува една од најголемите израелски инвестиции во областа на недвижности во Србија.
BIG Fashion ќе биде најголемиот трговски центар во стариот дел на Белград, а се очекува овој гигантски комплекс да обезбеди широк спектар на производи и квалитетни содржини за сите белграѓани.
Комплексот ќе содржи повеќе од 100 продавници на најпознатите светски и домашни брендови на две нивоа, а третиот кат ќе биде посветен на гастрономијата, за релаксација и забава, со голем избор на ресторани, осум кина, детско игралиште и прекрасен поглед на реката Дунав.