Насловна / Архитектура / Вака изгледа енергетски самостоен дом на еден архитект

Вака изгледа енергетски самостоен дом на еден архитект

Бироата Robert Hutchison Architecture и Havier Sanchez Architects (JSa) работеле заедно на проектот Rain Harvest Home, локација вон секоја инфраструктурна мрежа, сместена во планините јужно од градот Вале де Браво, на околу два часа западно од Мексико Сити.

2_resize

Благодарение на фотоволтаичниот систем и системот за прочистување и складирање на водата на самата локација, оваа структура го извлекува максимумот од влажните и дождливи лета и екстремно сувите зими во оваа област и може да функционира без проблеми енергетски самостално.

1_resize

ДИЗАЈН ВО ХАРМОНИЈА СО ПРИРОДАТА И КЛИМАТА

„Овој проект нуди нов модел за користење и зачувување на водата во регионот и земјата каде што таа е сè подрагоцен ресурс“, изјавија за DesignBoom архитектите од двете бироа.

Структурата е дизајнирана со намера да функционира во склад со околната природа и локалната клима. Стратешки лоциран така што со погледот е насочен кон планината Volkan Toluka, проектот комбинира простор на куќа, архитектонско ателје и слободностоечка бања.

6_resize

Замислена како павилјон кој овозможува користење на отворен простор во текот на целата година, резиденцијата е поставена на подигнат бетонски постамент, обложен со локален вулкански камен.

Оваа база служи како платформа за внатрешни и надворешни простори, додека кровот кој делува како да лебди, носен е од колонада од челични столбови.

3_resize

На само неколку чекори од куќата се наоѓа самостојно, слободностоечка бања, која во својот дизајн ги комбинира референците од Trenton Bath House на Луис Кан и Tempietta на Браманте.

4_resize

КОМПАКТНО АРХИТЕКТОНСКО АТЕЛЈЕ

Кружната структура опфаќа четири различни активности: топла купка, сауна, парен туш и тоалет. Сите четири простори опкружуваат ладен базен во центарот кој е отворен кон небото.

Целата локација е надополнета со компактно ателје за архитектот, кое има и отворен кров над делот над влезната зона.

5_resize

Овој простор со двојна висина е осветлен со еден голем прозорец свртен кон север кој го врамува погледот на планината Volkan Toluka.

7_resize

13_resize

12_resize

9_resize

10_resize

11_resize

14_resize

Испрати коментар

Scroll To Top