Насловна / Архитектура / Вагони од 50-тите години стануваат хотел поставен над река

Вагони од 50-тите години стануваат хотел поставен над река

Новиот хотел во Јужна Африка ќе биде направен од стари железнички вагони кои по реновирањето ќе бидат претворени во луксузни простории поставени над реката Саби. Од вагоните кои се од 1950-тите ќе се содадат 31-та луксузна просторија, а секоја од нив ќе биде украсена за да ја претставува локалната култура.

voz
Хотелот ќе се вика Кругер Шалати, по националниот парк Кругер, кој за прв пат беше дозволено да се посети во раните 20-ти години на минатиот век.
Кругер Шалати ќе биде сместен на местото каде што овој воз застанувал во текот на ноќта, а седум соби ќе бидат над реката, додека 24 соби се на „суво“.

voz1
“Пространите вагонски простории, благодарение на големите стаклени површини, даваат прекрасен поглед на реката Саби, додека возот во исто време го слави африканскиот дизајн постигнат преку соработка со локални уметници и занаетчии. Високо над реката, на ниво на пругата, гостите ќе можат да пливаат во необичен базен и ќе можат да ги поздрават крокодилите, нилските коњи и слоновите што напиваат во реката под базенот“, пишува дизајнерскиот тим.
Овој необичен бутик хотел ќе биде домаќин на своите први гости во септември оваа година.

voz2

voz3

Испрати коментар

Scroll To Top