Насловна / Вести / В.д. градоначалникот на Општина Охрид го поништил одобрението за градба на хотелот кај Лагадин

В.д. градоначалникот на Општина Охрид го поништил одобрението за градба на хотелот кај Лагадин

В.д. градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески го поништил одобрението за градба на хотелот кај Лагадин кој прекршува 12 закони, јавува порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.Тој вели дека мината недела го потпишал решението за ништовност на одобрението за градба на хотелот бидејќи имало прекршување на постапките.
„Инвеститорот си добил дозвола врз постоечки Детален урбанистички план кој предвидувал во тоа заштитено подрачје да има хотел. Јас го поништив решението и не може да се гради врз основа на низа прекршувања во процедурата како на пример ненавремено известување за почеток на градба. Сега инвеститорот има право на жалба до Второстепената комисијата на Министерството за транспорт и врски на ова мое решение. Ќе видиме што ќе биде, но ова е прво донесено решение со кое инвеститорот не смее да гради врз основа на овие прекршувања на процедурата“, вели Георгиески.
Георгиески вели дека на брегот на Охридското езеро има многу дивоградби не е само хотелот кај Лагадин, за кои дури има и решенија за уривање.
„Случајот со Лагадин е многу деликатен. Но има многу решенија за уривање на објекти и платформи на езерото. Ако земеме да уриваме, тоа не е решение. Од една страна носиме Закон за легализација на дивоградби, а од друга треба да уриваме“, вели градоначалникот Георгиески.

lag3

Испрати коментар

Scroll To Top