Невремето од вчера го поплави и Музејот на Македонија, кој, според министерот за култура Роберт Алаѓозовски, веќе е во состојба на ужасна запуштеност.
Алаѓозовски на Фејсбук објави фотографии од увидот по поплавата.
– Од увидот на поплавата во Музејот на Македонија: ужасна запуштеност на институцијата каде што се чува највредното наследство – напиша министерот.