Насловна / Вести / Увозот на „зелени“ производи во ЕУ во 2021 година е значително повисок од извозот

Увозот на „зелени“ производи во ЕУ во 2021 година е значително повисок од извозот

Европската унија во 2021 година за увоз на производи за зелена енергија (вклучувајќи ветерни турбини, соларни модули и биогорива) издвоила 15,2 милијарди евра. Ова го покажуваат податоците на Eurostat. Истовремено извозот на вакви производи бил повеќе од двојно понизок и изнесувал 6,5 милијарди евра. Конкретно, од државите надвор од ЕУ, биле увезени соларни модули во вредност од 11,2 милијарди евра. Покрај тоа, вредноста на увезените течни биогорива достигнала 3,4 милијарди евра, а на ветерните турбини 0,6 милијарди евра.

import1

Треба да се нагласи дека на пример, извозот на течни биогорива изнесувал само 0,5 милијарди евра во 2012 година, и пораснал на 1,7 милијарди евра во 2019 година. Но, во последните две години тој извоз се намалил и паднал на 1,3 милијарди евра во минатата година. Вредноста на увозот на ветерни турбини, течни биогорива и соларни модули во ЕУ, лани била поголема отколку во 2012 година. Со други зборови, во анализираниот период увозот на ветерни турбини е зголемен за 416 %,увозот на соларни модули за 7%, а биогоривата за 2%.

import2

Испрати коментар

Scroll To Top