Насловна / Вести / Увозот на ТПГ во Европа, за прв пат поголем од увозот на гас преку гасоводи

Увозот на ТПГ во Европа, за прв пат поголем од увозот на гас преку гасоводи

Во првите шест месеци оваа година, увозот на течен природен гас (ТПГ) во Европа го надмина увозот преку гасоводи. Ова го покажуваат податоците на Refinitiv Eikon. Притоа, увозот на ТПГ во Европа достигнал максимум во април 2023 година.  САД имаат извезено повеќе ТПГ од било која друга земја во првата половина на 2023 година. Второто место на светската листа на извозници го зазема Австралија.

FILE PHOTO: Illustration shows model of LNG tanker and the U.S. flag

Исто како и во 2022 година, земјите од ЕУ и велика Британија биле главната дестинација за американскиот ТПГ. Пет земји – Холандија, Велика Британија, Франција, Шпанија и Германија, увезле повеќе од половината од вкупниот американски извоз на ТПГ. Капацитетте з арегасификација во Европа и Велика Британија продолжуваат да се зголемуваат во 2023 година. Германија од декември 2023 година, ќе пушти во работа три терминали за регасификација со вкупен капацитет од 14 милијарди метри кубни годишно. После благата зима, Европа ја заврши грејната сезона 2022/2023 со најголема количина на природен гас во скалдиштата која било кога досега е забележана, а регионот продолжи да увезува ТПГ со цел да ги надополни залихите за пролет и лето.

 

Испрати коментар

Scroll To Top