Скопските населби Центар, Карпош и Лисиче утрово имаат средна загаденост на воздухот со штетните PM10 честички, покажува индексот на загадување на Министерството за животна средина. Во Тетово утрово е регистрирана висока загаденост, но со честичките PM 2,5.
Дневната концентрација на овие штетни честички пред два дена е надмината во скопска Гази Баба, и изнесува 131 микрограми на кубен метар. Надминување регистирала и мерната станица кај ректоратот, а нешто помали концентрации над дозволените има и во другите скопски општини. Куманово и Кавадарци на 16 октомври биле исто така двапати позагадени од просекот.
Според извештајот кој го мери квалитетот на воздухот, во септември три дена концентрациите на штетните честички биле надминати во Гази Баба и Лисиче, два дена во Центар и еден ден во Центар. На мерната станица кај ректоратот, надминувањето на дневната концентрација со PM10 честичките било за 5 дена.