Насловна / Вести / Утрово воздухот повторно најзагаден во Тетово и Скопје

Утрово воздухот повторно најзагаден во Тетово и Скопје

Воздухот утрово е најзагаден во Тетово и во Скопје. Високи концентрации на ПМ10 честички во воздухот има и во Битола и Кичево.

skopje

Мерните станици во Тетово регистрираа концентрација на ПМ10- честичките од 386 микрограми на метар кубен. Во Скопје највисоки концентрации има во Центар од 332 микрограми, Гази Баба 310, кај Ректорат 279, Лисиче 264, Карпош 252 и во Миладиновци 96.

Во Битола се измерени 118, а во Кичево 115 микрограми.

Над дозволените концентрации на ПМ10 честичките утрово се регистрирани и во Кавадарци со 61, Велес 57 и Кочани 55 микрограми.

Испрати коментар

Scroll To Top