Општина Аеродром ќе добие уште еден парк. Ќе биде лоциран на булеварот „Февруарски поход“, а неговата изградба започнува утре.
По тој повод, градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски утре ќе одржат заедничка прес-конференција покрај булеварот „Февруарски поход“, поточно кај последната автобуска станица број 5.