Насловна / Вести / Утре во Штип резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот, водата и почвата

Утре во Штип резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот, водата и почвата

Факултетот за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип и Институтот за комуникациски студии од Скопје утре, 27 јуни, ќе одржат презентацијата на резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот, водата и почвата во скопскиот и штипскиот регион. Презентацијата ќе се одржи одржи од 11:00 до 12:00 часот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (ВИП сала – стар ректорат)..
Во текот на изминатиот месец, универзитетската лабораторија за животна и работна средина АМБИКОН изврши директни мерења на концентрациите на суспендираните честички во градинки, училници и спортски сали во училишта, на изложеноста на велосипедистите на аерозагадувањето од сообраќајот и на квалитетот на водите и на почвите во урбани, земјоделски и индустриски зони.

реаг
На настанот ќе бидат презентирани резултатите за:
• Квалитетот на воздухот во микро-средините во кои престојуваме
• Квалитетот на водата и почвата во урбани и рурални средини
Презентацијата се организира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

banner-okolina-300x250

Испрати коментар

Scroll To Top