Годинава на 25. февруари (вторник), ќе се одбележ еден значаен јубилеј – 90 тиот роденден на доајенот на македонското сликарство и професор од првата генерација професори на Факултетот за ликовни уметности на УКИМ, Скопје, Родољуб Анастасов. По тој повод здружението „Архифакт“-Скопје, во Салон 2, во Музеј на град Скопје на 25.2.2025, во 20 часот ќе организира изложба насловена „Сите деца на Родољуб Анастасов“на која ќе бидат претставени дела на 42 уметници. Авторите на изложбата, Јасминка Намичева и Екатерина Намичева Тодоровска, ги поканија сите студенти од сликарските класи на професорот Анастасов од ФЛУ (1980-2000год.) да се приклучат со свое дело на овој јубилеен настан. Со големо задоволство и извонредни сеќавања за педагошката работа на Анастасов, на изложбата учествуваат со свое дело реномираните уметници: Новица Трајковски, Катерина Апсотолска де Сиро, Славчо Соколовски, Бојана Артиновска,Јован Шумковски, Благоја Маневски, Константин Качев, Симонида Филипова Китановска, Жанета Вангели, Ѓорѓи Томовски, Миро Масин,Станислава Шаровиќ,Страхил Петровски, Ванчо Јаков, Малка Конеска, Борис Шемов, Елизабета Наумческа, Адем Сулејмановски, Новица Арсовски, Димитар Младеновски, Јован Балов, Ристо Мијаковски, Јулијана Гешоска, Светлана Коруновска Аџигогова, Виолета Сиљан, Владо Мукоски, Соња Куновска, Марија Величковска, Милош Милосављевиќ, Александар Спасовски, Весна Ничевска, Перица Георгиев-Пепси, Јана Куновска, Трајче Чатмов, Гордана Вренцоска, Александар Иванов, Наташа Андонова, Влатко Костовски, Слободан Биневски, Филип Блажевски, Тања Таневска, Горјан Ѓорѓиев.