Насловна / Вести / Утре „Скопје креатива“ во Универзална сала

Утре „Скопје креатива“ во Универзална сала

kreativa

Третото издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“ ќе се одржи на 21 ноември, петок, во Универзална сала.

Ексклузивно на годинешното издание ќе бидат промовирани десетици нови производи и услуги од областа на креативните индустрии, а како куриозитет на програмата е првата андроид туристичка апликација за Скопје, насловена „SKOPJE TO GO“ (SK2GO), која ќе биде достапна за сите странски туристи кои ќе доаѓаат на посета во нашиот град.

Исто така, на годинешниот фестивал ќе биде промовирана и првата македонска картонска игра, насловена „Планетата Ерида“, како и официјалниот софтвер за регистрација на креативниот потенцијал во нашиот град и земјата, во т.н. форма „База на податоци“.

Презентацијата на сите производи ќе започне во 10 часот, додека официјалното отворање ќе биде во 20 часот збогатено со прекрасната музика од македонските амбасадори на новиот современ звук, групата „Фолтин“.

Влезот е бесплатен и отворен за сите. Организатор на фестивалот е Универзална сала, како дел од програмата за култура на Град Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top