Музејот на илузии, лоциран на улицата Максим Горки во Скопје, утре од 10 часот ќе ги отвори вратите за посетителите.
Сопствениците најавуваат несекојдневно доживување, незаборавна авантура и забава за сите возрасти. Музејот е на три спрата и нуди можност за разгледување фотографии, решавање дилеми и мозочни сложувалки. Дали се плашите од диви животни и колку можат да бидат страшни и безопасни во ваша непосредна близина? Дали сте доволно храбри да се качите во лифтот без дно? Од Музеј на илузии покануваат на правење поинакви и необични фотографии од целото семејство.