Во Скопје се одржува фестивалот „Недела на излозите“ (WDW Movement). Проектот „Недела на излозите“ има цел да отвори дијалог помеѓу модните дизајнери и архитектите и да ја наметне потребата за атрактивни излози и да ја подигне визуелната култура на повисоко ниво.Идеата е да се пренесе светскиот тренд на уредувњето на излозите, на начин што ќе се измешаат архитектурата и модата.
Првото предавање во рамки на фестивалот ќе се одржи утре, 15 мај од 11 до 14 часот во Амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе се одржи предавање (Master Class) – Модата и културниот идентитет на градот. Предавањето ќе го одржи Александра Оленска, британски моден стилист и креативен консултант, професор на светскипознатата IFA Paris. Ова е „Недела на излози” (Window Displays Week).
Излозите повеќе не се само статички прикази на робата што се продава. Тоа се мултимедијски, динамични простори кои се поврзуваат со култура. Градот може да се преобликува со естетскиот јазик на излозите.
Учесниците на утрешното предавање ќе имаат можност да го истражат пресекот помеѓу модата и архитектурата во креирањето на уметничките излози и да ги откријат новите трендови во визуелната малопродажба. Ќе овозможат да дознамеме повеќе за:
1. Како излозите создаваат нови односи помеѓу комерцијалното и културното,
2. Зошто се тие многу важен дел од визуелниот јазик на градот – културната рефлексија – на меѓународно и локално ниво, и
3. Привременост наспроти трајност на добар излог и како тие го подобруваат квалитетот на живеењето во градот.
Влезот на предавањето е слободен, но местата се ограничени, па затоа потребна е претходна регистрација
Регистрирајте се со име и презиме, основни податоци за вашето образование и број за контакт на: [email protected]
Линк до настанот:
https://www.facebook.com/events/2359296134307166/
Линк до Facebook страната:
https://www.facebook.com/wdwmovement/
Линк до веб страната на проектот каде можете да ги најдете сите информации за активностите:
http://windowdisplaysweek.com