Првиот македонски конгрес за патишта ќе се одржи на 7. и 8. ноември 2019 година во Скопје, во хотелот „Double Tree by HILTON“.
Првиот македонски конгрес за патишта се организира под Покровителство на Премиерот на Владата на РС Македонија, на иницијатива и во организација на Друштвото за патишта на Македонија (ДПМ), а во соработка со Градежниот факултет (ГФ), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Јавното претпријатие „Македонијапат“ и Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАОИ).
Организаторите очекуваат овој Прв Македонски конгрес за патишта да претставува успешен почеток на една традиција во организација на вакви научно – стручни собири.
Воедно, овој Прв Македонски конгрес за патишта треба да биде голем регионален собир на сите авторитети од областа на патиштата и тоа не само од соседните земји, туку и од Европа.
Овој Прв Македонски конгрес за патишта се организира во чест на неколку големи јубилеи:
• 70 години од основање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
• 70 години од основање на Градежниот факултет во Скопје
• 50 години од основање на Друштвото за патишта на Република Македонија.
Теми на претстојниот Прв Македонски конгрес за патишта се:
• Планирање и проектирање
• Управување, изградба и одржување
• Безбедност на сообраќајот на патиштата
• Заштита на животната средина и одржлив развој
• Инфраструктурни објекти
• Транспортна политика и финансирање
• ITS и нови технологии во сообраќајот
• Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти
Програмата на Првиот македонски конгрес за патишта може да се види тука.