Насловна / Вести / Утре посебен сообраќаен режим и бесплатен јавен превоз во Скопје

Утре посебен сообраќаен режим и бесплатен јавен превоз во Скопје

За утре, 7ми мај закажана е историската посета на папата Франциско. За време на посетата од 7 до 16 часот ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција. Превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.

Од Јавното претпријатие информираат дека поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање. Од ЈСП информираат дека нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.

На официјалната веб страната на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk може да се види детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

За време на утрешната Апостолска посета на папата има посебни правила и прописи на однесување и движење. Оние кои живеат во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, во вторник од 6 часот до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу центарот во Скопје, со цел непречено одвивање на истиот.

mapa

Поточно, во овој временски период за автомобили целосно ќе бидат затворени следните сообраќајници: улицата 11ти Октомври од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата со улицата Димитрие Чуповски, улиците Даме Груев, Македонија, Васил Главинов, Филип 2-ри Македонски, Св. Климент Охридски и Иљо Војвода.

Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата кои се движат во редовен сообраќај со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот за време на официјалната посета на Папата, се следните: булевар Кочо Рацин, улицата 11-ти Октовмри од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата со булевар Борис Трајковски, улицата Св.Кирил и Методиј, булевар Св. Климент Охридски, булевар Партизански Одреди, улицата Самоилова и булевар Гоце Делчев.

Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни од денес после 17 часот, како и утре во текот на целиот ден.

Испрати коментар

Scroll To Top