Годинешната саемска манифестација, 41. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустрија на мебел, МЕБЕЛ 2015 ќе се отвори утре и ќе трае до 29 март. Настанот ќе се одржи во девет саемски хали, галеријата во прва и петта хала и целокупниот надворешен изложбен простор. На саемот ќе земат учество повеќе од 150 директни излагачи од земјата и околу 400 индиректни излагачи од странство.
Покрај мебел за домот, на саемот ќе бидат презентирани и модерни кујни и елегантни бањи, осветлувања, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за уредување градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание.
Во низата активности кои следат како дел од Саемот за мебел, е и наградната игра, каде што главна награда е автомобил Корса од Опел, ексклузивен партнер на овогодишниот Саем за Мебел. Главната награда може да ја добие секој што го посетил саемот, затоа што со секоја купена влезница учествуваат во наградната игра и стануваат потенцијални добитници на Опел Корса.