Насловна / Вести / Утре почнува 13. Саем на градежништво и 6. Саем на недвижнини – REALEXPO

Утре почнува 13. Саем на градежништво и 6. Саем на недвижнини – REALEXPO

Од 1-ви до 5-ти март на Скопски саем ќе се одржи САЕМОТ НА ГРАДЕЖНИШТВО – тринаесетти по ред меѓународен бизнис настан за градежништво, градежни материјали и градежна механизација. Овој меѓународен сaeм подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите и трговците од Македонија и од странство.

На него ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти, и ќе привлече експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки во кои ќе ги вклучуваат и новите трендови во градежништвото.саем за градежништво

Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100 директни компании, респоредени во три саемски хали. Целта на овогодишниот Саем на градежништво е да го задржи овој динамичен раст, а за изложувачите и посетителите да претставува најдобра платформа од интерес во овој сектор.

Вo рамките на Саемoт на градежништво 2016, во Метрополис Арена по шести пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo.

Партнер на саемската манифестација е Министерството за финансии со проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“, што има за цел да им помогне на граѓаните полесно да дојдат до сопствен дом и се вклопува во концептот на Саемот за градежништво и RealExpo.

Посебно, оваа година граѓаните ќе можат да дојдат до информации за проектот „Купи куќа за млади“, како нов проект, каде што освен Министерството за финансии, ќе бидат присутни и општините што ќе понудат земјиште за изградба на куќа за млади.

Така, над 3.000 плацови и 3.000 станови кои можат да се вклопат во владините проекти „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе бидат понудени на саемот.

Понуда ќе има од вкупно 110 компании и плацеви од 13 општини меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.

Посетителите ќе можат да ја разгледаат огромната понуда на станови и да го одберат најповолното за себе.

На RealExpo ќе учествуваат голем број градежни компании, кои ќе понудат станови со попусти и до неколку илјади евра, а кои ќе важат само за саемските денови.

Оваа година со ваква понуда ќе се претстават Адора, Бортас, Дабар, Елена Лука Хоумс, Голден Арт, Козма б, ЗСФ, Колбико, Настел, Капитол Инжинеринг, Хантерс, Импексел 2, Фабрика „Карпош“, Диас Констракшн, Трим и Лум. Како надополнување, достапни ќе бидат и понудите на атрактивни кредити за купување на недвижнини преку комерцијалните банки.

саем за градежништво1

На Саемот на градежништво 2016, повторно со своја понуда на кровови, гипсени производи, малтери и фасадни производи, лепила, изолациски материјали, битуменски производи, камен и песок, ѕидни бои, ќе се претстават долгогодишните учесници како Адинг, Тондах, Интелком, Бим, Младост, Мелмакс како претставник на компаниите Ursa, Schidel, Tim Izolirka, Zorka и др. Исто така, ќе се претстават и компаниите Ритам трејд, Дака лифтови, Рофикс, Грако (Фрст инг), Хипокс.

Свoја понуда ќе имаат и Леокар, Октопуси, Солопром, Бентен Пан, Дујор пром, Бранимир Компани, ХФС лифтинг и реномирани компании од Италија, Србија и Турција.

Од компаниите со програмата градежна столарија, ќе земат учество и Veka, Rehau, Salamander, Профилко, БМГ итн.

Со програмата врати, ќе бидат претставени компаниите Медина, Стил Порте, со програмата санитарии – Шар Проект, Виварта, Аквалукс, Аквасвисџет и др. Железни конструкции ќе претстават компаниите Каравас и Тоблер.

Учеството на повеќе од 300 претставени компании како и на инвеститорите во рамките на RealExpo – Саемот на недвижнини, ќе им овозможи на посетителите, што се очекуваат во број од 15.000, ислучителна можност за планирање на своите градежни активности.

Испрати коментар

Scroll To Top