Насловна / Вести / Утре обука за средношколци за справување со земјотресите во Битола

Утре обука за средношколци за справување со земјотресите во Битола

Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) организираат обука за справување со земјотресите за средношколците во битолското средно училиште „Јосип Броз-Тито“. Обуката ќе се одржи на 15 ноември 2024 (петок), со почеток во 10 часот.

Обуката се одржува во рамки на проектот Интегративно зајакнување на свесноста за ризиците од земјотресите (ИСРА), финансиран од Европската Унија. Покрај ИКС и ИЗИИС, партнери на проектот се Аристотел универзитетот од Солун, Грција, Фондацијата Еуцентре од Павија, Италија и Политехничкиот универзитет од Тирана, Албанија.

Лице за контакт: Дарко Малиновски, [email protected], 070 252 690

Испрати коментар

Scroll To Top