Насловна / Архитектура / Денес научна конференција „Проект Скопје“

Денес научна конференција „Проект Скопје“

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје има чест да ве покани на отворањето на меѓународната научна конференција „Проект Скопје“ организирана по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје и 110 години од раѓањето на јапонскиот архитект Кензо Танге.

Конференцијата ќе се одржи на 7. и 8. јуни (среда и четврток) во зградата на Архитектонскиот факултет. Отворањето на конференцијата е на 7 јуни (среда) во 8:30 часот.

Agenda Proekt Skopje

На оваа конференција ќе учествуваат светски архитекти и истражувачи од Јапонија, Холандија, Грција, Италија, Полска и САД кои ќе разговараат за моќта на солидарноста, светската соработка, архитектурата и изградбата на разурнатите градови и заедници.

ск

Испрати коментар

Scroll To Top