Насловна / Арт и дизајн / Утре конференција „Нееднаквости: Италијанскиот дизајн за подобар живот“

Утре конференција „Нееднаквости: Италијанскиот дизајн за подобар живот“

Бизнис акцелераторот УКИМ (БАУ) во склоп на Деновите на италијанскиот дизајн 2025, во соработка со Италијанската амбасада во Скопје  и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) УКИМ, организира конференција на тема  „НЕЕДНАКВОСТИ: ИТАЛИЈАНСКИОТ ДИЗАЈН ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ” која ќе се одржи на 21 февруари 2025 (петок) на Факултет за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ) со почеток во 11:45 часот.

На конференцијата ќе бидат презентирани некои од најдобрите примери на италијански урбан дизајн кој се справува со нееднаквостите, урбаните иновации, урбаната технологија и одржливоста, развиени и лично претставени од директорите на TORINO URBAN LAB, DIGITAL INNOVATION HUB PIEMONTE,  SUPERURBANITY и SYSTEMATICA.

Бизнис акцелераторот УКИМ (БАУ) стана ЕИТ РИС Хаб во 2023 година за Р.С. Македонија со цел да обезбеди поддршка преку ЕИТ повиците за финансирање, со цел да:

  • Помогне во негување на иновациите за поддршка на економскиот просперитет и општествената благосостојба,
  • Им помогне на локалните иноватори,нудејќи ресурси за засилување на конкурентноста на бизнисите и привлекување на инвестиции, како и поддршка на проектни апликации преку отворените повици на ЕИТ,
  • Поддржи проекти кои поттикнуваат развој на иновативни продукти и решенија, влез на нови пазари, проширување на производната линија и соработка со стартапи и академијата.

Конференцијата е наменета за:

  • Компании кои се заинтересирани за одржлив развој, циркуларна економија, урбана мобилност и како да креираат нови производи и суровини од текстилен отпад,
  • Мали и средни производствени компании кои се заинтересирани да ги унапредат своите производи со цел да се приклучат во циркуларната економија,
  • Стручни лица, менаџери, дизајнери и иноватори кои развиваат решенија за циркуларна економија и одржливи производи,
  • Студенти и истражувачи кои се фокусирани на одржливост и урбани технологии.
  • Даватели на услуги.

Односно за сите компании кои неопходно мораат да го следат светскиот тренд за дигитална трансформација заснована на иновации со цел да ги унапредат и дигитализираат процесите за да обезбедат дека нивните производи и услуги се одржливи и се реупотребливи (циркуларна економија)

Придобивки:

Запознавање со италијанскиот пристап во урбаната мобилност, дизајн и циркуларната економија, и каква е улогата на Дигиталните иновациски центри

  • Запознавање со Центарот за дигитални иновации (ДигитМАК) и услугите кои ги нуди
  • Информации за проекти кои се насочени кон рециклирање на текстилниот отпад и креирање на нови производи и суровини кон одржливо производство.
  • На самиот настан ќе може директно да се сретнете со претставниците на ЕИТ РИС Хаб и да дознаете повеќе за ЕИТ можностите за финансирање на иновациските планови во вашите компании и вмрежување со европската бизнис заедница, но и за акцелераторските програми и можностите за развој на вашиот бизнис.

Во прилог е агенда за конференцијата:

 

Испрати коментар

Scroll To Top