Насловна / Архитектура / Утре Светскиот инженерски ден

Утре Светскиот инженерски ден

4. март е прогласен за Светки инженерски ден. Централната прослава се одржува во УНЕСКО во Париз.

Комората на овластени архитекти и овластени инженери ќе го одбележи Светскиот инженерски ден на 4-ти март (среда) во просториите на Комората со почеток во 11 часот.

На прославата ќе се обратат претседателот на Комората, професор д-р Миле Димитровски и неколку видни инженери кои ќе говорат на различни теми поврзани со евро кодовите, урбанистичките и архитектонски предизвици, светлечките фонтани и недостатокот на квалитетен воздух за дишење во Скопје.

Сите заинтересирани можат да го регистрираат своето присуство на следниот линк.

инз_resize

Програма на одбележување на Светкиот инженерски ден

11:00     Воведно излагање – Претседател на Комората Проф д-р Миле Димитровски

11:15     Евро Кодови – состојба во Македонија – Проф д-р Петар Цветановски

11:30     Урбанистички и архитектонски предизвици на интегрирање на нови структури во постоечкото изградено заштитено ткиво – Анастасија Трајковска, диа

11:45     Светлечки фонтани – Владко Тодоровски, деи

12:00     Скопје болува од неизлечива хронична болест – недостаток на квалитетен воздух за дишење. Има ли решение? – Проф д-р Миле Димитровски, дипл.маш инж.

12:15     Затворање на настанот

12:30     Коктел

кои_resize

Испрати коментар

Scroll To Top