Насловна / Арт и дизајн / Утре изложба Плакатот во Националната галерија на Македонија

Утре изложба Плакатот во Националната галерија на Македонија

Од Националната галерија на Македонија информираат дека на 26.06.2018г (вторник), во 20 часот во објектот Мала Станица ќе се отвори изложбата Плакатот во Националната галерија на Македонија.

poster_print-01
Од НГМ велат: „Во текот на седумдецениското постоење на оваа Национална установа, во годината кога го прославуваме овој значен јубилеј, горди сме што за првпат ги изложуваме плакатите кои биле дизајнирани по повод сите изложби низ повеќе децении, поточно опфаќаат период од петата деценија на минатиот век па до денес.
Најстариот изложен плакат е од далечната 1955г. од изложбата на големиот Хенри Мур, одржана во Даутпашиниот амам, каде и е основана Уметничката галерија на Македонија со својата поставка, во далечната 1948 г. Преку оваа изложба на плакат се потсетуваме на низа ретроспективни претставувања на уметниците од основоположничката генерација, Личеноски, Мартиноски, Пандилов, Лазески, Димо Тодоровски, самостојни изложби на професорите од Факултетот за ликовна уметност, Мазев, Шемов, Хаџи Бошков…
Значајни за Националната Галерија се претставувањата на престижното Венециско Биенале на уметноста, каде сме изложувале повеќе пати, изработени се плакати кои можат да се погледнат на оваа изложба, потоа соработката со сродни институции од странство и со нашите центри во САД, Бугарија, градот Нирнберг и други.
Дизајнерскиот тим во Националната Галерија за секој проект изработува соодветен плакат во координација со уметникот и/или кураторот, ликовниот уметник има можност преку плакатот да ја информира публиката и воедно преку ликовен израз да ја пренесе пораката и концептот на проектот“.

plakat
Изложбата ќе ја отвори директорот на НГМ, д-р Дита Старова Ќерими.
Одговорно лице на изложбата која ќе трае до 26 јули 2018 и организација е виш кустос Маја Крстевска.

Испрати коментар

Scroll To Top