Утре, 22 јануари, во 20 часот, во НЛБ Галерија на улица Мајка Тереза во Скопје ќе биде отворена изложбата на дела од Калина Брајковска.
Изложбата содржи 20 дела масло на платно изведени во неоеxпресионистички стил, во кои авторката со радост им пркоси на обликот и формата.
Во времето кое стои меѓу нас и класичниот сликарски пристап, Калина Брајковска е на границата меѓу двата света, оној кој заминал и оној кој доаѓа. Нејзиниот гест е израз на контраста меѓу се околу нас, тоа е приказ сличен на земјата на Петар Пан.