„Европските начела за квалитет за интервенции финансирани од ЕУ со потенцијално влијание врз културното наследство“ е меѓусекторски документ на ИКОМОС што произлегува од работата на експертската група составена од ИКОМОС, под мандат на Европската комисија и во рамките на Водечката иницијатива на Европската Унија за Европската година на културно наследство 2018 – „Негување на наследството: развивање стандарди за квалитет за проекти финансирани од ЕУ кои имаат потенцијал да влијаат врз културното наследство“
Главната цел на овој документ е да даде насоки на начелата за квалитет за сите засегнати страни кои се директно или индиректно вклучени во проектите за заштита и управување со културното наследство, главно поврзани со градителското наследство и културните предели, а кои се финансирани од Европската Унија, вклучително и европските институции, институции кои се надлежни за заштита на културното наследство, меѓународните организации, граѓанското општество и локалните заедници, но и приватниот сектор и експертите.
Документот се фокусира на суштинското прашање за квалитетот, резимирајќи ги клучните концепти, меѓународни повелби, европски и меѓународни конвенции и стандарди, како и промените во разбирањето и практиката на заштитата на културното наследство. Наведени се културни, социјални и економски придобивки, како и придобивки кои влијаат врз животната средина, а кои произлегуваат од примената на начелата за квалитет. Со оглед на тоа што препознавањето на културното наследство како заедничко добро и одговорност е предуслов за квалитет, се предлага да се усвојат зајакнување на имплементацијата на начелата и стандардите за конзервација во секоја фаза од циклусот – од програмирање до евалуација.
„Европските начела за квалитет за интервенции финансирани од ЕУ со потенцијално влијание врз културното наследство“ на ИКОМОС се преведени на македонски јазик (https://rb.gy/bnbhjo) и нив ги промовира ИКОМОС Македонија со цел да ги доближи неговите содржини до македонските професионалци од областа на заштитата на културното наследство, како и релевантните носители на одлуки кога станува збор за програми финансирани од ЕУ во кои земјата има право да учествува.
ИКОМОС Македонија, кој е национален комитет во рамките на меѓународната заедница на ИКОМОС и најголемата и најстарата невладина организација за недвижно културно наследство во Северна Македонија, има за цел да ги промовира овие начела за квалитет меѓу стручната заедница и да ги поддржи процесите за зајакнување на нивните капацитети преку обуки за планирање и креирање на проекти за културно наследство. Ова е во согласност со пошироките цели на ИКОМОС Македонија да предлага и да се процедури за конзервација и рехабилитација на културното наследството во земјата.
АГЕНДА
Локација: Europe House – Скопје / Емитување во живо на социјалните мрежи и YouTube каналот на ИКОМОС Македонија
Датум: 20 мај 2022 год.
11:00 г-ѓа Кристина Бицева, Претседател на ИКОМОС Македонија (поздравно обраќање)
11:10 Н.Е. г. Дејвид Гир, Амбасадор и Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија – „Поддршката на ЕУ во заштитата на културното наследство минатото кон иднината”;
11:20 д-р Бисера Костадиновска – Стојчевска, Министер за култура „Приоритетите на Министерството за култура во заштитата на културното наследство – достигнувања и предизвици“;
11:30 д-р Риин Алаталу, Потпретседател на ИКОМОС (обраќање преку видео порака)
11:35 г-ѓа Мари-Лор Левенир, Генерален директор на Меѓународниот секретаријат на ИКОМОС
(обраќање преку видео порака);
11:40 Кафе пауза
11:50 г. Грелан Д. Рурк, ИКОМОС Ирска, клучен експерт, ко-автор на документот – Презентација на „Европските начела за квалитет за интервенции финансирани од ЕУ со
потенцијално влијание врз културното наследство“
12:20 г-ѓа Кристина Бицева, Претседател на ИКОМОначела за квалитет во македонскиот контекст за културно наследство“ и промовирање на преведениот документ на македонски јазик
12:35 д-р Мери Стојанова, Директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Битола“ – „Презентација на проектот за културно наследство финансиран од ЕУ во Северна Македонија преку IPA CBC Албанија Северна Македонија 2014-2020”
12:50 – 13:10 Дискусија