Утре на територија на целата Република ќе бидат организирани акции за пошумување по повод традиционалната 14-та акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“
Во Старо Нагоричане и Липково ќе се садат 800 илјади садници за „Ден на дрвото“.
Така, граѓаните од Кумановско ќе садат црн бор, бел бор, чемпрес и багрем на две локации во општините Старо Нагоричане и Липково.
Како што информираат од кумановската подружница на „Македонски шуми“, акцијата ќе се спроведе на површина од двеста хектари, а годинава ќе се садат 800.000 садници.
Оваа година акцијата ќе се спроведе на две локации на 100 хектари во Ваксинце и на површина од 100 хектари во Макреш.
Годинашнава акција ќе се спроведе под мотото „Стоп за катастрофите“.
Од одделението за животна средина информираат дека за утрешната акција е организиран бесплатен превоз од пред хотел „Кристал“.