Утре, четврток (23.12.2021) со почеток во 19 часот во Музеј на Република Северна Македонија, Скопје во организација на Macedonian Women Architects ќе се отвори изложба „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“.
Од Macedonian Women Architects велат: „Инспирирани од интензивната дебата која се води на глобално ниво за улогата на жената во општеството, а соодветно и во професијата, овој проект има за цел да ја истражи, документира, проучи и промовира улогата и делата на овие извонредни жени од практиката – планерки, архитектки и дизајнерки; да доведе кон подобро разбирање, поголема видливост и вреднување на архитектонското и културното наследство кое тие го оставиле на идните генерации“.
Проектот е финансиран од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.