Градежниот факултет во Скопје, како една од најстарите единици на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје, оваа година го одбележува своето 72-годишно постоење.
По тој повод на 6. октомври (среда) со почеток во 11 часот со користење на видео- конференциска платформа ќе се одржи пригодна свеченост.
АГЕНДА НА НАСТАНОТ
– обраќање на деканот на Градежниот факултет
– обраќање на министерот за транспорт и врски
– обраќање на ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Никола Јанкуловски
– одбележување на 90-годишнината од раѓањето на проф. д-р Александар Ангелов
– промоција на изданија на Градежниот факултет
– хидрометрија, од авторот проф. д-р Виолета Ѓешовска
– промоција на дел од меѓународните студентски проекти
– Design & construct, Bogazici University – Istanbul
– Icames, Bogazici University – Istanbul
– доделување на награди и стипендии на најдобрите студенти