Советот на Европската Унија ја донесе Ревидираната Директива за енергетски карактеристики на згради, EPBD (Energy Performance Building Directive), и со тоа ја доврши последната фаза на законодавната постапка. Со оваа Директива се подобрува енергетската ефикасност на зградите и се поттикнува нивната реконструкција, а еден од нејзините долгорочни цели е декарбонизација на постоечкиот неефикасен фонд на згради во Европа. Исто така, се воведува индикатор за подготвеноста за паметни техники во објектите, се поедноставуваат прегледите на системите з агреење и климатизација, и се промовира електромобилноста, преку воспоставување на паркинг места за електрични возила.
Со усвојувањето на овој документ, се менува Директивата 2010/31ЕУ за енергетска ефикасност на зградите, и се надополнуваат мерките во рамките на Директивата 2012/27/ЕУ.
Директивата ќе стапи на сила дваесет дена по службеното објавување од страна на ЕУ, додека периодот за нејзино транспонирање во националните законодавства ќе изнесува 20 месеци.