Насловна / Вести / Уставниот суд повторно го укина мораториумот за градба во Општина Центар

Уставниот суд повторно го укина мораториумот за градба во Општина Центар

На 34-та седница на Уставниот суд на РСМ се расправаше за мораториумот за градба во Општина Центар. Односно оценка на уставноста и законитоста на 6-тата точка од дневниот ред, Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, донесена на 27.03.2019 година.

По поднесената иницијатива до Уставниот суд, Општина Центар даде навремен и соодветен одговор со кој ја оспори истата како неоснована.

треска1_resize

Но, Уставен суд по вторпат донесе времена мерка за укинување на мораториумот за градба во Општина Центар. Оваа одлука ќе биде на сила додека Уставен суд одлучи дали мораториумот е донесен во согласно со Уставот, откако денеска судиите ја прифатија иницијативата за укинување на уставноста поднесена од двајца граѓани од Охрид. Со тоа, сега веќе не важи забраната за градба и важат старите планови и инвеститорите може да бараат дозвола за градба.

„Поведена е постапка бидејќи постојат сомненија дека забраната за градба е донесена во спротивност со Уставот“, велат од Уставен суд.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, кој присуствуваше на седницата, вели дека ваквата одлука е мешање во ингеренциите на Општината со што го легализира докажаното неусогласување со повисок акт, а тоа е Генералниoт урбанистички план (ГУП).

КВАЛИТАТИВНА АНАЛИЗА НА УРБАНИСТИ

„Цениме дека деталните урбанистички планови мора да бидат усогласени со генералниот урбанистички план како план од повисок ранг.

Одлуката што Општина Центар ја има донесено на 27.03.2019 не е во спротивност на важечките прописи и истата има за цел да го заштити јавниот интерес кој е примарен за сите жители, а е загарантирано согласно Уставот.

Просторното и урбанистичко планирање е еден долготраен и плански процес кој опфаќа низа дејствија кои сами по себе си се надополнуваат и си противречат во смисла на размена на идеи и плански реализации. Тоа има за цел да обезбеди и заштити сè она што претставува хуман и нормален човечки развој на одреден простор, почитувајќи го јавниот интерес како примарен.

Оттука, хиерархијата на планските документи при носењето на урбанистичките планови мора да биде запазена бидејќи таа е суштинска при оправданоста во постапката на донесување на пониските акти кои произлегуваат од повисоките.

Општина Центар останува доследна и посветена при спроведувањето и реализацијата на деталните урбанистички планови во интерес на граѓаните и општината“, соопштија од Центар.

10

Испрати коментар

Scroll To Top