Нова трка меѓу правдата и парите во Центар, велат од Шанса за Центар.
Уставен суд оформи предмет по иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива Шанса за Центар со која се оспорува ДУП за Буњаковец во кој спаѓа и подрачјето на „Треска“.
Од Шанса за Црнтар велат: „Се надеваме на еднакво брзо и ефикасно постапување на судот имајќи предвид што и инвеститорите забрзано се подготвуваат да почнат со градба. Герасимовски веќе потпиша една дозвола, а од медиумските објави се гледа дека и други инвеститори забрзано собираат милионски суми за да почнат со градба на ‘наполитанките’ кај ‘Треска’.
Во недостиг на политичка волја да се сопре со спроведувањето на незаконските ДУП-ови кои се косат со Генералниот урбанистички план на Скопје, само судот може да ја врати законитоста во планирањето во Центар.
За ф-ка Треска се бореа граѓани, активисти, архитекти и урбанисти, па и политичка воља за промена имаше до 2020 кога се прифати напуштање на решението од ДУП-от и се направи конкурс. Општинската власт под раководство на Герасимовски, неколкумина моќници и спрегата со институциите кои го изгубија своето значење, интегритет и кредибилитет може да му пресудат на последниот поголем простор, и да си ја потврдат својата улога на непријател на граѓаните“.