Насловна / Архитектура / Успешно поврзување на инфраструктурата и мобилноста

Успешно поврзување на инфраструктурата и мобилноста

Alexander Brodsky

Една година по изработката, седум необични автобуски постојки го ставија во фокусот на вниманието на светската архитектонска сцена малото село Крумбах (Krumbach) во Австрија. Постојките беа дизајнирани од страна на меѓународно реномираните архитекти Ванг Шу (Wang Shu), Соу Фуџимото (Sou Fujimoto) и Смиљан Радиќ (Smiljan Radic), кои работеа во соработка со локални архитекти и занаетчии. Architecten de Vylder Vinck TaillieuArchitecten de Vylder Vinck Taillieu 1

Чудните структури на овие седум автобуски постојки го ставија селото, кое има 1.000 жители, на картата со интересни архитектонски остварувања.

Кураторот Дитмар Штајнер (Dietmar Steiner) ја пофали посветеноста и имагинацијата на оние што беа вклучени во проектот, велејќи дека „целиот проект успеа поради тоа што беше поддржан од повеќе од 200 дарежливи луѓе“.Smiljan Radic 2 Smiljan Radic

Тука се вклучени и архитектите што ги изведоа нивните проекти, земајќи слободни денови од нивните секојдневни обврски, без да бараат за тоа парична надокнада. Ова беше нивна шанса да се вклучат во овој необичен и несекојдневен архитектонски предизвик. Rintala Eggertsson Architect`s Rintala Eggertsson

Сепак, проектите за автобуските постојки не беа само заради задоволување на некакви суети; Верена Конрад (Verena Konrad), директор на VAI (Vorarlberger Architektur Institut), истакна дека проектот е важен за успешно поврзување на инфраструктурата и мобилноста во руралните области во овој дел на Австрија.Amateur Architecture studioAmateur Architecture studio 2Ensamble studios Ensamble studio 2Sou Fujimoto2 Sou Fujimoto

Испрати коментар

Scroll To Top