Најновиот европски ракетен лансер Ariane 6 успешно полета од европската вселенска станица во Француска Гвајана, после повеќекратно одложување. Ракетата се очекува да биде поефтина од својата претходничка Ariane 5, и е целосно европска креација развиена од страна на 13 европски земји предводени од Франција.
Ракетата е изработена од француската компанија ArianeGroup, a со неа управува подружницата Arianespace во име на Европската вселенска агенција. После успешното лансирање, ракетата ќе учествува во својата прва комерцијална мисија со француски сателит во декември.