Насловна / Архитектура / Успешна интерполација на нов објект во старо историско јадро во Хамбург

Успешна интерполација на нов објект во старо историско јадро во Хамбург

interpolacija-hamburg-01-630x811
Да се вклопат новите објекти во стари историски јадра е секогаш голем предизвик за архитектите. Токму студиото Köhler Architekten, го потпишува овој проект на новата зграда за хамбуршкиот кварт Ottensen кој е карактеристичен по објектите изградени уште во 19 век.

interpolacija-hamburg-02-726x400 interpolacija-hamburg-03-630x651 interpolacija-hamburg-04-630x666

Стариот објект е срушен а на негово место е изграден Ice Loft, нова зграда која е вешто вклопена во локалитетот. Класичните елементи на локалните објекти се „преточени“ и на новата фасада но во модерна конотација, каде за изведба се употребени и многу модерни материјали како Hi-Macs панели кои му даваат еден современ белег.

interpolacija-hamburg-05-630x943 interpolacija-hamburg-06-630x943 interpolacija-hamburg-07-630x420

За овој објект, архитектот Florian Köhler имал желба да направи зграда за која сепак ќе се знае дека е подигната во 21 век. Затоа се употребени Hi-Macs панели кои ѝ даваат модерна, мазна завршница. Тие се производ на компанијата LG Hausys, од цврст материјал изработен од прав на боксит (70%), висококвалитетна акрилна смола и 5% природен пигмент кој е заслужен за богата палета на конечни производи. Поволност на овие панели е и произволното креирање на кривини.

interpolacija-hamburg-08-630x420 interpolacija-hamburg-10-630x429 interpolacija-hamburg-09-630x420

Испрати коментар

Scroll To Top