Суперорбиталниот лет на ракетниот авион на британскиот бизнисмен сер Ричард Бренсон, кој поради лошите временски услови доцнеше, е успешно реализиран. Ракетниот авион „Вирџин галактика“ достигна височина која ја дели Земјата од вселената. Британскиот милијардер е еден од петте членови на екипажот, заедно со двајца пилоти, кои го тестираа леталото „Јунити“ на неговиот прв лет со екипаж. Кратко се вклучи во преносот на настанот во живо и рече дека „погледот е фантастичен“. Тој и честиташе на екипата на успехот во оваа мисија.
Првично било планирано да полетаат од Њу Мексико околу 14 часот, но летот е одложен поради лошите временски услови е поместен за 16.30 часот. Летот траел нешто подолго од еден час. Бренсон рекол дека сака да биде меѓу првите кои ќе го доживее ова, пред да започне со организација на комерцијалните летови следната година. Заинтересираните можеа да го следат настанот во живо преку Твитер, Фејсбук и Јутјуб.