Насловна / Архитектура / Уште една утопија во низата?

Уште една утопија во низата?

PROASPEKT_01_pogled-na-autobusku-stanicu prikazВо екот на предизборната кампања, во текот на февруари годинава, привремената градска власт одлучи да распише конкурс за изградба на железничка и главна автобуска станица во Белград. Новиот сообраќаен центар ќе биде на просторот на новобелградскиот блок 42, кој се наоѓа во непосредна близина на белградската Арена, новиот мост на Ада и автопатот што проаѓа низ градот. Според плановите што се спомнуваат повеќе децении, главната железничка станица од сегашната локација во центарот на градот би требало да се премести поблиску до автопатот, во близина на Дедење, додека автобуската станица која денес се наоѓа до железничката би требало некаде да се премести. Една од идеите беше и блок 42 на Нов Белград, простор кој денес го сочинува изградениот пропаднат проект на тематскиот парк „Теразии на тиесеттите години“, макета на старите Теразии во природна големина, кој е замислен како простор за собирање на луѓе. Паркот никогаш не заживеа, освен оградата што го држи затворен, во паркот се наоѓа понекој чувар.

PROASPEKT_02_blok-42_situacija PROASPEKT_10_putnicki-peroni-zeleznicke-staniceВо блок 42 се наоѓа најголемиот пазар во Белград, кој својот процут го имаше во текот на деведесеттите години, додека денес неговото значење е намалено, првенствено поради промените на потрошувачките навики на белграѓани, но и поради изградбата на пристапните сообраќајници за Мостот на Ада кои го намалија капацитетот на пазарот. Помеѓу пазарот и заградениот тематски парк се наоѓаат две платформи. Едната платформа е железничката станица „Нови Београд“, која првенствено служи како дел на градскиот воз што во Белград функционира мошне добро веќе неколку години. Другата платформа ја сочинува дел од сообраќајницата на Мостот на Ада, и стои паралелно со пругата.

OTKUP-ALEKSANDAR LEKO-12-3D-prikazЕден од можните мотиви за распишување на конкурсот, може да се најде во фактот што сегашната автобуска и железничка станица се наоѓаат во средина на просторот што е означен за амбициозниот проект „Белград на вода“, чиј почеток наголемо се најавува. Просторот каде што денес се наоѓаат станиците е предвиден за изградба на деловен, станбен и комерцијален простор, со што центарот на Белград би требало да добие потполно поинаква слика. Тоа се причините зошто се пристапи кон многу амбициозен проект за промена на инфраструктурата на градот. Локацијата на конкурсот предвидува и можност за изградба до 150 м висина, што е највисока дозволена висина во Белград, па со самото тоа е предвидена за иден комерцијален центар на главниот град на Србија.

obestecenjeDEJAN JOKIC005_prikazКонкурсот траеше скоро три месеци, а резултатите се објавени на почетокот на јуни. На конкурсот пристигнале 54 трудови, доделени се прва и втора награда, четири откупи и две обесштетувања. Првата награда ја доби тимот „Проаспект“ од Белград, што го водат татко и син, архитектите Владимир и Милан Лојаница. Бирото „Проаспект“ беше победник и на конкурсот за реконструкција на Народниот музеј во Белград. Според зборовите на жирито, „овој труд има голема градска димензија во обликувањето на макро-урбаните простори и потези, наследство од централната оска на Нов Белград“. Проектот предвидува автобуска станица со 15 влезни и 60 излезни перони, како и железничка станица на платформа со осум перони, паркинг, деловни, хотелски и комерцијални содржини со вкупна квадратура од 180.000 м². Јасно се издвојуваат две најбитни целини, автобуска и железничка станица како два најбитни гравитациони простори. Едно од карактеристичните решенија е можноста за фазна реализација. Архитектонскиот аспект на проектот имаше идеја да ги нагласи хоризонталните и вертикалните усмерувања што одговараат на опкружувањето.

OTKUP-KANA ARHITEKTI_prikazПовеќето наградени трудови имаат јасно издвоени просторни целини за најважните објекти на инфраструктурата, но и објекти со голема катност кои доминираат со тој простор.  Просторната организација главно се врзува за постојната ортогонална матрица на Нов Белград, но има и решенија кои презентираат и кружни објекти како нов просторен ориентир. Покрај значењето што го имаат архитектонските елементи, низ проектната задача посебно се барало и квалитетно решение на сообраќајот, па со самото тоа голем број тимови имаа и сообраќајни инженери. Победничкото, но и останатите решенија добро ја завршиле проектната задача, ставајќи го фокусот на функционалност на просторот што би требало да стане најважен сообраќаен центар во Белград.

OTKUP-MASINOPROEJEKT-001-prikazКолкава е шансата проектот да се реализира, останува да се види. Без оглед на проектот „Белград на вода“, за кој во последните месеци гласно се говори иако сè уште ниту еден договор не е потпишан, на Белград многу му е потребно изместување на автобуската и железничката станица, како и на новите функционални објекти кои нема да претставуваат срам за градот, што денес се. Белград, за жал, веќе виде многу слични проекти кои останаа само убави желби и идеи без никаква перспектива да бидат реализирани. Железничката станица „Прокоп“, новата главна железничка станица во Белград се гради веќе четири децении, за савскиот амфитеатар, просторот каде што треба да биде реализиран „Белград на вода“, се зборува над педесет години, од најновите проекти треба да се спомнат успешно завршените конкурси за градската галерија на Плоштадот на револуцијата, реконструкцијата на Народниот музеј, централната зона на Нов Белград, Плоштадот Славија, Теразиската тераса … Сите тие конкурси се направени, наградите се доделени, а некои биле пред толку години што повторно биле распишувани конкурси, на пример конкурсот за Плоштад Славија или за Народниот музеј. Тимот „Проаспект“ веќе победувал на слични конкурси кои никогаш не се реализирале, како на пр. Народниот музеј. Дали Блок 42 ќе донесе повеќе среќа, тешко е да се каже. Од оваа перспектива, ова ќе биде уште еден повеќемесечен труд, деноноќно спремање цртежи пред рокот за предавање, доделена и потрошена награда на еден тим кој вака стекнал големо искуство, добил дополнителни надежи и желба да направи нешто конкретно, ова ќе биде уште една утопија дека она што ќе победи на конкурс може и да се изгради.
Model

Испрати коментар

Scroll To Top