Емпорио бизнис центарот е планиран да биде завршен во 2016 години и ќе претставува современ и модерен шопинг и деловен центар. Објектот ќе биде со површина од 15 илјади метри квадратни, а ќе биде лоциран на дел од реонскиот парк на општината и ќе се протега до главната улица Ѓорче Петров.
Административно – деловната зграда е поделена на два дела. На општината Ѓорче Петров и припаѓаат 3600 метри квадратни, додека на компанијата Трансмет ДОО Скопје – 11400 метри квадратни. Емпорио бизнис центарот ќе се гради според принципот на јавно-приватно партнерство помеѓу општината Ѓорче Петров и градежната компанија Трансмет. Во рамките на зградата, која ќе биде на 5 спрата, ќе биде изграден подземен паркинг на две нивоа со вкупно 350 паркинг места. Се планира објектот да опфаќа 60% шопинг простор и 40% деловен простор.
Проектот е планиран да биде завршен во 2016 година.