Градот Виена, со помош на новите пиктофрами во подземната железница, ќе им помага на граѓаните и корисниците на јавниот превоз при селектирање на отпадот. како што с еистакнува, во виенскиот јавен превоз со кој управува компанијата Wiener Linien, во 2017 година биле превезени вкупно 962 милиони паници, при што во самите возила и на постојките биле собрани 54 милиони литри отпад. Бидејќи речиси 1/2 од корисниците на јавниот превоз се возат со метро линиите, Wiener Linien одлучиле да ги излепат 5000-те канти за отпадоци на 109-те постојки, со пиктограми кои објаснуваат како да се фрла отпадот во соодветни канти (хартија, пластика, лименки, мешовите отпад). Благодарение на вакви и слични мерки во изминатите години, забележан е пораст кај рециклирањето на хартијата од 15% на 50%, а во иднина се очекува да се зголемат стапките на рециклирање и кај останатите материјали.