Насловна / Архитектура / Уште еден италијански град продава куќи за едно евро

Уште еден италијански град продава куќи за едно евро

Уште еден бајковит италијански град продава куќи за едно евро за да привлече купувачи кои се спремни да направат големо реновирање.

Градчето Bisaccia, кое се наоѓа во јужната италијанска покраина Кампања, на околу 130 километри од Наполи, продава 90 куќи за едно евро.

1_resize

Во Bisacciа, градче погоредно од емиграција и низа земјотреси од кои последниот се случил  1980. година, распоредот на куќите е таков, што на неговата обнова мораат сите да работат заедно, пренесува, BizLife.

2_resize

„Овде  се соочуваме со мошне посебна ситуација. Напуштеното подрачје се  шири во најстариот дел од градчето, каде напуштените куќи се буквално натрупани една покрај друга, долж исти патишта“, изјавил заменик градоначалникот Франческо Тартаглиа.

„Поради тоа ги повикуваме фамилиите, пријателите, роднините или инвеститорите да ги здружат силите. Ги охрабруваме да купат повеќе од една куќа за да и дадат нов живот“, додава Тартаглиа.

3_resize

Ова не е прв пат некој град во Италија да го преплави пазарот со куќи за едно евро, надевајќи се дека ќе ги оживеат заедниците. Некои понудиле и даночни олеснувања за да ги стимулираат заинтересираните купувачи.

4_resize

И покрај тоа што новите сопственици на куќите во Bisaccii ќе мора сами да ги реновираат домовите, нема да треба да ја наведат сумата на улагање или временската рамка, што е вообичаено барање во предходните слични понуди на куќи во други италијански градови.

Испрати коментар

Scroll To Top