Насловна / Архитектура / Уште два дена за пријавување на работилницата „Град за сите: Модерна за деца“.

Уште два дена за пријавување на работилницата „Град за сите: Модерна за деца“.

Остануваат уште два дена за пријавување на деца на возраст од 8 до 12 год. на работилницата „Град за сите: Модерна за деца“.

Плоштад Слобода објавува отворен повик за учество во работилница за деца посветена на модернистичката архитектура на Скопје, а поддржана од програмата за култура на Град Скопје.rabotilnica_povik_header

Со вложување на когнитивен напор и преку својата креативност, по посетите на одредени објекти, учесниците ќе се посветат на создавање на нивен коментар, премислување и разбирање на модерното архитектонско наследство на Скопје.

Учеството во предвидените работни сесии ќе им помогне на децата да ги подобрат своите аналитички и уметнички вештини, да споделат меѓусебно знаење и да стекнат афирмација на своето индивидуално и колективно уметничко изразување, односно да стекнат доверба во себе и во своето лично творештво.

Со учество во овој проект, децата вклучени во истиот ќе ја разберат важноста на посветеноста и можноста таа да биде забавна и исполнителна.

rabotilnica_povik_celosen_FINAL

Дополнителни информации:

-за деца на возраст помеѓу 8 и 12 години

-по три часа на 28 и 29 април и на 5 и 6 мај 2018 год.

-специјални прошетки и посети на различни локации низ Скопје (НУБ, ГТЦ; МСУ и други)

-под раководство на Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет и Доротеј Нешовски, визуелен уметник етаблиран во соработка со деца на различни возрасти

-креативна работа, неформална едукација и публикување на издание кое ќе биде

каталогизирано и достапно во НУБ Св. Климент Охридски

 

рок за пријавување: 25.04.2018год. до 16ч.

нејаснотии и пријавување на: [email protected]

071 464 967 или 077 702 379

 

Испрати коментар

Scroll To Top