Насловна / Архитектура / Urupê кула: Нов симбол на одржлива архитектура во Сао Паоло

Urupê кула: Нов симбол на одржлива архитектура во Сао Паоло

Сао Паоло е метропола позната по својата динамичност и урбан ритам, а наскоро ќе има и нов симбол – Urupê кулата. Овој архитектонски бисер, планиран за еден од најбрзо растечките зелени квартови на градот, е резултат на имагинацијата и иновацијата на тимот на Victor Ortiz Architecture. Urupê кулата не е само уште една зграда во овој град. Тоа е повеќенаменски објект осмислен да обезбеди не само панорамски поглед на градот, туку и да демонстрира како принципите на биофилниот дизајн и одржливите архитектонски стратегии може да се применат во пракса. Фасадата е прекриена со бујна вегетација. Секој кат од зградата има саксии распоредени во стилот на печурки кои го колонизираат стеблото.

urupe1

urupe2

 

Таквиот дизајн не само што ја поддржува естетиката на природата, туку и ја истакнува улогата на оваа зграда како жив ентитет кој е во симбиоза со својата околина. Во денешниот свет, каде климатските промени и брзата урбанизација се главни закани, Urupê кулата претставува свеж одговор на овие предизвици. Victor B. Ortiz и неговиот тим, ја препознале улогата која архитектурата може да ја игра во ублажувањето на негативните влијанија врз животната средина. Преку различни стратегии, како реалокација на вегетацијата, создавање на микроклима и употреба на обновливи материјали, оваа кула не само што го сведува на минимум својот јаглероден отпечаток, туку поставува и нови стандарди за идните градежни проекти. Urupê е визија за иднината во која урбанизацијата и заштитата на природата не се исклучуваат, туку меѓусебно се дополнуваат.

urupe3

Испрати коментар

Scroll To Top