Насловна / Вести / Урнат потпорниот ѕид на Коридорот 10 во Србија

Урнат потпорниот ѕид на Коридорот 10 во Србија

Бетонскиот потпорен ѕид на Коридорот 10 во Грделичка клисура, во непосредна близина на Предејане, кон Македонија целосно се урна поради лизгање на земјиштето.

Ова е четврти пат за последниве пет месеци овој бетонски потпорен ѕид да се урне.

potporen-zid-740x437

Станува збор за потпорната конструкција во должина од 50 метри и дестабилизација на делот од заштитната косина со вкупна должина од 725 метри, со што се уништени околу 500 квадратни метри галерија над местото каде се гради десната лента на новиот автопат.

koridor2

За време на паѓањето на бетонот, земјата и камењата во близина немало работници.

За уривањето на потпорниот ѕид на Коридорот 10 во Србија одговорен е шпанскиот изведувач „Азви“ кој не направил вертикални одводни канали, туку наместо тоа, со хоризонтални препреки се задржувала водата која го поттикнала свлечиштето.

Директорот на „Коридори Србија“ Зоран Бабиќ, најави дека денеска ќе почне обновата на урнатиот потпорен ѕид. Тој изјави дека уривањето било очекувано уште во април и дека предвидувањата биле дека тоа ќе се случи за два -три месеци, поради што веќе е подготвена техничка документација за изградба на нова галерија на највисокиот дел на „Косина2“, чиј дел се урна во неделата.

Тој тврди дека и покрај уривањето на потпорниот ѕид, автопатот низ Грделичката клисура ќе биде завршен оваа година.

Од претпријатието велат дека ова не е прв пат да се урне потпорниот ѕид и дека тоа е нормална појава

“Ово е еден од десетината случаи што се случиле при изградбата на коридорот 10 и 11 кои брзо се санираа и се продолжуваше со работа , додека пак, на останатите делови од трасата работата нормално се одвиваше“, стои во соопштемнето на фирмата.

koridor1

Оваа делница од Коридорот 10 според најавите на официјалните српски власти требаше да биде пуштена до крајот на првиот квртал од годинава.

Проектот е финансиран од Европската Инвестициона банка.

Испрати коментар

Scroll To Top